Гист се сели во Франција, потпиша договор со Асвел

Високиот центар Џејмс Гист, кариерата ќе ја продолжи во Франција, откако договори соработка со клубот на Тони Паркер - Асвел од Вилербан.

Гист блесна минатата сезона во Бундеслигата, во дресот на минатата Баерн Минхен. Со оваа екипа дојде до четвртфиналето на Евролигата, каде имаше просек од 5,6 поени по натпревар.

Високиот Гист најдолго во кариерата се задржа во Панатинаикос, а своевремено го носеше дресот на големите ривали од Белград, Партизан и Црвена Звезда.