ВИДЕО: Гилџус Александер со рекорд на кариерата донесе триумф на Оклахома!

Бостон Селтикси славеа на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс (113-117) во НБА лигата. Шампионит по продолжение успеа да го скрши отпорот на домаќинот во „Интуит Доме“ во Инглвуд. Најефикасни на натпреварот беа Џонс со 29 и Портер со 26 во таборот на поразените. Кај Бостон се истакна Џејлен Браун со 25, додека Џејсон Тејтум уфрли 24 поени, а солиден беше и Вајт со 20. 

Шеј Гилџус Александер одигра симултанка и со 54 поени ја сруши Јута за нов триумф на Оклахома (123-114). Канаѓанецот беше неверојатен, погодуваше од каде стигне и иако даде само три тројки мечот го заврши со рекорд на кариерата. Со оваа партија Гилџус Александер дополнително се зацврсти на првото место во трката за МВП признанието. Освен него 25 поени уфрли Вилијамс, додека кај Јута се истакна Колинс со 22.

На останатите терени Детроит слави во Атланта, Феникс беше подобар од Бруклин, Далас загуби од Минесота, Хјустон триумфира против Кливленд, Мемфис го совлада Шарлот и Сакраменто се радува против Голден Стејт.