• Горан Упале
Откако популарниот Шамс Шаранија објави на својот „X“ профил, пристигна официјална потврда дека играчот на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџес-Александар, е избран за најкорисен играч во НБА лигата за сезоната 2024/2025.
Канаѓанецот имаше одлична регуларна сезона, а со својот просек од 32,7 поени и 52% шут од поле, ги предводеше Оклахома Сити Тандер до најдобриот резултат во лигата, што дефинитивно одлучи во негова корист во споредба со Никола Јокиќ. Најдобриот стрелец во лигата имаше и 6,4 асистенции во просек, 5 скока, 1,7 украдени топки и една блокада по натпревар.
Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, иако имаше една од најдобрите сезони во историјата на лигата, во која имаше просек од „трипл-дабл“, поради послабиот резултат на неговиот тим заврши зад канадскиот кошаркар и ќе остане на три МВП признанија во кареирата.
На крајот, се покажа дека Шеј Гилџес-Александар убедливо заврши на првото место, бидејќи доби повеќе од 70% од гласовите за најкорисен играч во лигата.