• Саше Љолес
Првата ѕвезда на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџес-Александер, по четвртиот финален натпревар со Индијана Пејсерс изјави дека неговиот тим направил „брејк“ во вистинско време.
Оклахома успеа да слави на теренот на противникот и сега ја сели серијата пред своите гледачии. Александер е убеден дека екипата е на победнички пат, но повика на смиреност во клучните моменти.
„Го издржавме притисокот од публиката, Индијанаполис е секогаш многу тежок терен. Мислам дека сите бевме на висина на задачата и заслужено победивме.
На победнички пат сме, мисијата е јасна. Сега одиме кај нас дома и ќе се обидеме да дојдеме до водство во финалето. Мораме да останеме смирени во клучните моменти, исто како и денес“, рече најдобриот играч на Оклахома.
Гилџес-Александер одигра маестрална партија и постигна 35 поени во победата на неговиот тим. Петтиот натпревар од финалната серија во НБА лигата ќе се одигра на 17 јуни.
ФОТО/PHOTO: Oklahoma City Thunder