• Саше Љолес
Ѕвездата на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџес-Александер, изрази големо задоволство по првиот натпревар во финалето на западот против Минесота Тимбервулвс (114-88), велејќи дека неговиот тим мора да ја оствари зацртаната мисија.
„Бевме на потребното ниво, точно знаевме што треба да правиме. Можеби немавме најсјајна вечер, но покажавме дека сме расположени за игра.
Имаме уште многу чекори до крајот, сакаме да останеме фокусирани. Цела сезона работевме напорно за да дојдеме до тука, се надевам дека сите го сфаќаме предизвикот“, рече најдобриот играч на Оклахома.
Оклахома сака да се пласира во големото НБА-финале, а за тоа ѝ се потребни уште три победи во серија со „Волците“. Вториот натпревар ќе се одигра на 23 мај во 02:30 часот по македонско време.