Гевгелија е нов член на Првата македонска кошаркарска лига

Вчера во салата „26.април“ во Гевгелија се одигра третиот натпревар од финалната серија на плеј-офот за пополување за место во Првата македонска лига, помеѓу екипите на КК Гевгелија и КК Шар Планина од Гостивар.

Во коректен и неизвесен натпревар, победата ја извојува екипата на Гевгелија (67-56) и на тој начин со резултат (2-1) ја затвори серијата и се избори за прволигашки статус во наредната натпреварувачка сезона.

Колев, со 15 поени го предводеше победничкиот тим. Божинов и Старделов додадоа по 12, Костадинов уште 10, а Лазаревски го заврши мечот ос 8 поени. Во екипата на Шар Планина, најефикасен беше Балоски, кој запиша 23 поени, Лаковски впиша 17, а Србиновски додаде 11 поени.

Екипата на Гевгелија од наредната сезона ќе биде член на Првата македонска лига.