Германскиот селектор: На Шпанците потребни им се две минути да ве победат!

Gol.mk на Евробаскет 2017 во Истанбул

Две и пол четвртини германската репрезентација достоинствено парираше против фаворизираната Шпанија во четвртфиналето на Евробаскетот во Истанбул, но потоа настапи период на инвидуална класа на „фуријата“, која навидум изедначен натпревар го претвори во убедлива победа од 72-84.

Селекторот на германската репрезентација Крис Флеминг на официјалната прес-конференција потврди како е да се игра против актуелниот европски првак.   

„Овој наш Евробаскет е одличен. Мислам дека направивме тоа што од нас се бараше, но денес наидовме на противник кој е многу квалитетен и има премногу ресурси за да го совладаш. Едноставно инвидуалната класа на шпанските кошаркари е на толку високо ниво, што е многу тешко да се игра против нив. Потребни им се неколку минути за да се одлепат до финална победа. Мислам дека се тешко победливи на ова првенство“, истакна Американецот на германската клупа.

По подолг период Германија успеа да заврши еден Евробаскет со достоинствен пласман од 5 до 8 место, а како и пред две години кога беше организатор, Шпанија застана на нивниот пат.