• Иван Димовски
Додека во Германија се славеше освоеното Европско првенство, селекторот Алехандро Мумбру повторно заврши во болница.
Како што пренесува „Мундо Депортиво“, шпанскиот стратег отишол на лекарски преглед по крајот на турнирот, но докторите решиле да го задржат за оперативен зафат. Тој ќе остане во болница најмалку две недели за да се следи неговата здравствена состојба.
„Во последните денови сфатив дека физички не сум подготвен да ја водам екипата за време на натпреварите. Затоа решив да ја промениме распределбата на улогите и Алан да ја преземе одговорноста да биде прв тренер на мечевите“, изјави Мумбру.
Лекарите биле изненадени што Мумбру успеал да издржи до крајот на Евробаскетот, со оглед на сериозноста на проблемот, а се наведува и дека во текот на шампионатот изгубил околу седум килограми.


