Македонската кошаркарска федерација бара селектор за наредните квалкфикации за Евробаскетот во 2018 година. Еве најнова идеја за испразнетото место, иако повеќе делува како желба отколку како реална опција. Според германскиот новинар Франк Бушман, тренерот на кошаркарите на Баерн Минхен, Светозар Пешиќ на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на германскиот тим. Сето ова Бушман го објави на својот Фејсбук профил, а тој тврди дека Пешиќ му се доверил е рекол дека скоро 99% го напушта Баерн Минхен и германското првенство.