Германија со пет НБА-ѕвезди на Мундобаскетот

Селекторот на германската кошаркарска репрезентација Хенрик Ролд ги одреди 16-те членови на неговиот прелиминиран список за Светското првенство во Кина. Од нив најдобрите 12 ќе се најдат на дефинитивниот список.

Со пет имиња од НБА лигата подмладениот германски тим не е за потценување.

Плејмејкер:
Шредер (Оклахома), Ло (Баерн), Акпинар (Бешикташ), Бонга (Вашингтон), Саибу (Бон)

Бекови:
Опст (Улм), Гифи (Алба), Јалов (Брауншвајг)

Крила:
Бенсинг (Сарагоза), Ципсер (Бургос)

Крилни центри:
Тиман (Алба), Бартел (Баерн), Тајс (Бостон), Клебер (Далас)

Центри:
Војтман (ЦСКА Москва), Вагнер (Вашингтон)

Германската селекција ќе ги започне подготовките на 5 август, а на Мундобаскетот се наоѓа во група со Франција, Доминиканска Република и Јордан