Германија прокоцка +17 и загуби во драматичен финиш од Израел

Шрудер

Германската репрезентација го запиша првиот пораз на Европското првенство. Германците беа изненадени од Израел (82-80), кој успеа да се радува во драматичната завршница.

По негативата од пет поени по првиот дел (18-23), германските кошаркари ја презедоа играта во свои раце и најпрво стигнаа до егал на полувреме, а потоа направија и двоцифрена разлика по три одиграни четвртини (67-57).

Во последниот дел, Израелците ја искористија опуштеноста кај противникот и намалија на -4 (76-72). Се играше егал завршница, а Шрeдер погоди за предност на Германија од 80-78 на 40 секунди до крајот.

Израел возврати преку Фини, кој погоди тројка за враќање на водството од 81-80. Следуваше промашување на Шрeдер и слободни фрлања на Мекел за конечна победа на Израелците од 82-80.

Ховел и Каспи ја предводеа израелската репрезентација со 23, односно 20 бода. Кај Германците очекувано се истакна Шрудер со 20 поени.