• Саше Љолес

Женската јуниорска репрезентација на Македонија немаше сили да ѝ се спротивстави на моќната Германија и го забележа вториот пораз на Европското првенство Б дивизија, овој пат губејќи со убедливи 37-85.
Германките се покажаа како многу подобар и силен противник, физички беа надмоќни и заслужено остварија победа со која се доближија до пласман во А дивизијата.
Нашите девојки парираа само во првиот период, а потоа Германија беше доминантна на паркетот и само го полнеше кошот на Македонките.
Најдобра поединка во нашиот состав беше Начевска со 21 поен и 10 скока. Во третото коло Македонија ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Шведска.