• Зоран Мишевски

Во еден од натпреварите со најмал број на поени досега на Евробаскетот, Германија ја победи Италија и ја искомпликува групата во Израел. Германците покажаа цврста одбрана и дозволија „азурите“ да им дадат само 55 поени.
На крајот германскиот тим извојува победа од 61-55 и ги зголеми своите опции за што е можно подобра позиција воочи нокаут фазата.
Шредер со 17, Воигтман со 12 и Таис со 11 поени се истакнаа во таборот на Германија, а Филој со 15 и Белинели со 12 поени се истакнаа кај Италијанците.
Германија во директен дуел со Литванија ќе решава за победникот во групата, а Грузија е можноста за поправе испит на италијанската репрезентација.