Германија без првата ѕвезда на Олимписките игри во Токио

Не престануваат откажувањата од кошаркарскиот турнир на Летните Олимписки Игри во Токио. Германската кошаркарска федерација потврди дека Денис Шрудер нема да настапи на двонеделниот турнир во главниот град на Јапонија.  

Високата сума за осигурувањето е главната причина зошто членот на Лос Анџелес Лејкерс да не се приклучи на националниот тим и одлучи да го скокне големиот собир. Германија беше подготвена да одвои 10 милиони евра пред квалификациониот турнир во Хрватска, но тоа не беше доволно.

Германија изненадувачки победи на квалификацискиот турнир во Сплит покрај Мексико, Хрватска, Русија и Бразил. Германците во Токио ќе играат во Б групата, заедно со Италија, Нигерија и Австралија