Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски, во следната година ќе има нов клуб, откако денес се раздели со германскиот бунделигаш Олденбург. Оваа информација попладнево ја објави самиот клуб, кој најави дека за краток период ќе ја официјализира замената за нашиот кошаркар.