Германецот Фоигтман ја напушти Басконија и потпиша за ЦСКА Москва

Шампионот на Европа во кошарка денес го претстави првото ново засилување за сезоната која официјално започнува во септември. Германецот Јоханес Фоигтман потпиша двогодишен договор со рускиот првак и позираше со тренерот Димитрис Итудис. Фоигтман е првиот Германец кој ќе заигра за „црвеноармејците“ и веројатно почеток на реконструкцијата на екипата.

Овој крилен центар три сезони играше за Басконија, а претходно во Бундеслигата го носеше дресот на Скајлајнерс и Јена. Висок е 214 сантиментри и треба да биде замена за Кори Хигинс. Покрај Американецот, клубот од Москва ова лето го напуштија и Нандо де Коло и Алекс Питерс.

Итудис обелодени дека продолжени се договорите со останатите ѕвезди: Вил Клајбурн, Кајл Хајнс и Антон Семенов. ЦСКА Москва ги освои рускиот шампионат, Купот на Русија и Евролигата во сезоната 2018/19.