МВП: Слукас не промаши од поле и заслужено е најкорисниот во финалето!

Кога минатото лето од Олимпијакос премина во Панатинаикос неговиот живот целосно се промени. Но, девет месеци подоцна Костас Слукас ги собира плодовите од неговиот избор. Грчкиот бек е најкорисен кошаркар на финалето на завршниот турнир на Евролигата во Берлин.

Во победата од 95-80 на Панатинаикос против „кралскиот“ клуб, Слукас вгради 24 поени и тоа со само едно промашување. Грчкиот репрезентативец погоди 4/4 за три поени, 2/2 од поле и 8/9 од линијата за слободни фрлања.

Ова е четврта европска круна во осмото финале на Слукас, кој е роден победник и ќе остане во вечните книги на ова натпреварување. 34-годишниот Грк двапати беше европски првак со Олимпијакос, еднаш со Фенербахче (во трите титули беше соиграч и со Антиќ) и од вечерва и со Панатинаикос.