ВИДЕО: Генијалноста на ова момче нема граници – Дончиќ пак погоди од преку цел терен!

Лука Дончиќ, кошаркарот на Реал Мадрид со своите велемајстроски потези и поени не престанува да ја одушевува кошаркарската јавност оваа сезона. 

Европскиот шампион со Словенија од пред неколку месеци својата генијалност уште еднаш ја докажа на мечот на својот Реал против Рио Натура Монбус кој беше дел од 12. коло на Eндеса лигата.

Всушност, Дончиќ ја повтори мајсторијата од пред неколку дена против Барса кога од „паркинг“ даде тројка и уште еднаш постигна незаборавен поен од преку цел терен. 

18-годишниот плејмејкер мечот на кој Реал извојува лесна победа од 102-93, го заврши со скор од 11 поени и 4 асистенции.