• Зоран Мишевски

Никола Јокиќ и Џамал Мареј го предводеа Денвер до победа од 104-93 во првиот натпревар од финалната серија на НБА против Мајами Хит. Посвежите домаќини ниту еден момент не дозволија „жешките“.
Приказната на вечерта ја напиша Никола Јокиќ, кој со 27 поени, 10 скока и 14 асистенции уште еднаш се приклучи на друштво на НБА легендите, овој пат со Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Расел Вестбрук. Јокиќ стана првиот по Џејсон Кид кој запиша „трипл-дабл“ во своето деби во финале.
Јокиќ беше и најдобар стрелец на натпреварот, а покрај него и Мареј, кај Денвер двоцифрени беа Гордон 16, Портер 14 и Браун 10 поени. Заморот кај гостите најмногу го почувствува Батлер, кој постигна само 13 поени (7 скока, 7 асистенции), Адебајо запиша одлични 26 поени, Винсент постигна 19, а Хајсмит 18 поени.