ВИДЕО: Гечевски се „одјави“ како што најдобро знае – со дефанзивен скок и два поени!

Како што и беше најавено, Тодор Гечевски во финишот на првата четвртина од пријателскиот меч со Фенербахче влезе на терен, добивајќи симболична минутажа.

Веднаш по влегувањето во игра, популарниот Тоше оствари дефанзивен скок, за во следниот напад да реализира два поени, по што го напушти теренот. 

Влегувањето во игра на Гечевски и збогувањето со активното играње кошарка предизвика стоечки овации од преполното гледалиште во СЦ „Борис Трајковски“.