Гечевски до финале, АБА ја избра најдобрата петорка во историјата

Регионалната кошаркарска АБА-лига постои 20 години, па во таа чест, претставници на натпреварувањето направија анкети и така ја избраа најдобрата петорка во историјата на лигата.

Низ двете децении во АБА-лигата играа многу врвни играчи, па беше доста тешко да се направи изборот. Во анкетите се најде и македонската кошаркарска легенда Тодор Гечевски, поради неговите партии додека играше за Задар и МЗТ, но не го најде местото во идеалниот тим откако застана во финалето.

Во најдобрата петорка се Маркус Вилијамс, Богдан Богдановиќ, Кеит Лангфорд, Крунослав Симон и Јан Весели. Втората петорка покрај Тодор Гечевски ја сочинуваа уште Милош Теодосиќ, Бојан Богдановиќ, Јуре Здовц и Бобан Марјановиќ.

Новата сезона во АБА според најавите стартува во месец октомври, а титулата ја брани Црвена Звезда.