• Мартин Танасковски
Поранешниот учесник во Евролигата, екипата на Локомотив Кубан, има нов тренер. Станува збор за газдата на клубот Андреј Ведишчев, кој најпрвин го отпушти претходниот тренер на тимот - Александар Секулич, а потоа на негово место се назначи за тренер.
Ведишчев до сега нема професионално искуство како главен тренер на машки клуб, но истакна дека верува во своите можности.
„Јас сум целосно уверен во оваа одлука и во моите можности. Знам што му треба на нашиот тим за да напредува и да постигне успеси“, рече Ведишчев на неговото претставување како главен тренер.
Бизнисменот практично може да си дозволи да прави што сака во клубот, бидејќи е негов прв човек од 2003 година. Во изминатата деценија, тимот се појави и во Евролигата две сезони, а дојде до бронзен медал во сезоната 2015/16 под водство на Јоргос Барцокас.