Гасол со неверојатното лето влезе во кошаркарската историја

Кошаркарската репрезентација на Шпанија се искачи на светскиот кошаркарски трон со убедлив триумф над Аргентина, а дел од историјата стана Марк Гасол.

34-годишниот центар имаше одличен Мундијал и дојде до голем учинок. Шпанецот стана првиот кошаркар по Ламар Одом кој успеал да ги обедини НБА-титулата и титулата на Мундијалот во истото лето.

На Ламар Одом тоа му успеа со репрезентацијата на САД и Лос Анџелес Лејкерс, во 2010 година.