Гасол си замина од ЛА Лејкерси, кариерата ќе ја продолжи во Европа

Гасол

Искусниот Марк Гасол веќе не е член на екипата на Лос Анџелес Лејкерс. Шпанецот се раздели со тимот со кој ја освои шампионската титула во 2020 година.

36-годишникот беше трејдуван во Мемфис Гризлис. Меѓутоа нема да се задржи долго во својата поранешна екипа и се очекува кариерата да ја продолжи во Европа.

Неговата позиција во ростерот на „езерџиите“ ќе ја преземе ДеАндре Џордан, кој пристигна од редовите на Бруклин Нетс.

Марк ова лето се прости од репрезентативниот дрес на Шпанија. Тој се наоѓа на крајот од својата клупска кариера, а засега не е познато каде ќе продолжи во претстојната сезона.