Гасол е голем човек – гo прослави 40. роденден со ќерките на Коби

Шпанскиот кошаркар Пау Гасол наполни 40 години, а реши да не прави роденденска забава, туку времето да им го посвети на ќерките на поранешниот колега Коби Брајант.

Брајант загина во хеликоптерска несреќа заедно со ќерката Џиана и уште пет други луѓе, а Гасол по трагедијата е голема поддршка на сопругата Ванеса и семејството Брајант.

„Среќен 40. роденден чичко Пол. Девојките Брајант те сакаат. Знам дека и Коби би сакал да ти честита роденден и да ти каже „те сакам, брате“, напиша Ванеса Брајант на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Шпанецот има повреда на стапалото, а последната НБА-сезона ја мина во Милвоки Бакс.