Гарнет: Жалам што не играв повеќе со Пирс и не потпишав порано за Бостон

Еден од омилените кошаркарски асови на почетокот од овој век со сигурност е Кевин Гарнет. Легендата на Бостон, во изјава за американските медиуми, жали што дури во 2007 година потпиша за „келтите“ и му се приклучи на Пол Пирс. 

„Ако можам да го вратам времето и да сменам нешто, ќе ја напуштев Минесота малку порано. Раководството на клубот не беше толку посветено како што бев јас. Требаше да потпишам за Бостон малку порано. Ќе бев помлад и порано ќе се здружев со Пол Пирс. Можеби во таква ситуација сега би имал еден или два прстена повеќе“, изјави Гарнет.

43-годишниот Гарнет, НБА кариерата ја почна во Минесота во 1995 година, а во 2007 премина во Бостон. Подоцна од 2013 до 2015 настапуваше за Бруклин, а кариерата ја заврши пак во Минесота во 2016 година.

Пред неколку дена големиот Гарнет влезе во „Куќата на славните“.