Гарбахоса најави обид за соработка меѓу ФИБА и Евролигата

Поранешниот легендарен кошаркар и претседател на Шпанската федерација, Хорхе Гарбахоса е избран за нов предводник на ФИБА Европа. Тој доаѓа на челото на Европската кошаркарска куќа со новиот проект наречен „Заедно е подобро“. 

Тој изрази задоволство од добивањето на функнцијата и вети дека постојано ќе работи на добри односи со сите можни инволвирани страни во спортот. Гарбахоса изјави дека за него најважен ќе биде споразумот помеѓу играчите, Евролигата и сите национални селекции. Во минатото во неколку наврати имаше проблеми со натурализацијата на одредени играчи, недозволување за настап со националните селекции, а тоа често претставуваше голем проблем за играчите. Шпанецот се надева на одлична соработка меѓу сите и дека во иднина кошарката нема да трпи последици поради било какви бирократски или политички недоразбирања. 

„Основата на мојот проект се вика „Заедно е подобро“. Сите знаеме дека можеме уште повеќе да ја кренеме европската кошарка и соработката меѓу сите засегнати субјекти. Јас знам што можем и верувам во своите способности, а со мене ќе работи и одличен тим кој во минатото донесе многу успеси. Силно сум убеден во прогрес, но до него мораме да стигнеме сите заеднички“, изјави Гарбахоса. 

Пензионираниот Хорхе Гарбахоса во својата активна кариера играше за Бенетон Тревизо, Уникаха Малага, Химки, Реал Мадрид и Торонто Репторс во НБА-лигата. Тој беше активен до сезоната 2011/2012, а кариерата ја заврши во Уникаха.