ВИДЕО: Фурние со непримерен гест кон навивачите, Панатинаикос бара суспензија на Французинот

Циркусот во грчката кошарка очигледно не запира. Финалната серија меѓу Олимпијакос и Панатиниакос конечно продолжи, но и третиот натпревар не мина без тензии и сериозни инциденти. 

Во центарот на вниманието овој пат беше Французинот Еван Фурние, кој најпрво тргна физички да се пресмета со Кендрик Нан, а потоа гестикулираше и непримерни гестови кон навивачите на Панатинаикос, чија управа најави жалба против кошаркарот. 

„Панатинаикос ќе ги преземе сите неопходни и законски постапки против Еван Фурниие, кој го направи најнепримерниот и најнеспортскиот гест што може да го стори еден кошаркар.

Ова беше тотален непрофесионализам каков што грчката кошарка одамна не видела“, стои во објавата на атинскиот гигант. 

Сега ќе се чека одлуката и реакцијата на Грчката кошаркарска федерација. „Детелинките“ очекуваат суспензија на Фурние, но во секој случај ќе мораат да победат на следниот меч, зашто во спротивно Олимпијакос ќе биде крунисан како шампион.

ФОТО/PHOTO: Olympiacos BC