• Мартин Танасковски

Кошаркарите на Олимпијакос обезбедија пласман на завршниот турнир во Евролигата, откако убедливо го совладаа Монако со 105-82 во третиот натпревар од плејоф серијата до три победи.
Тимот од Пиреја доминираше од самиот почеток, со силно темпо и контрола на играта. По првата четвртина имаа предност од девет поени (26-17), а до полувремето разликата се искачи на убедливи +21 (61-40).
Монако се обиде да се врати во третата четвртина, која ја доби со минимална разлика, но тоа не беше доволно за сериозен пресврт. Во последниот период гостите намалија на -12, но Олимпијакос повторно го засили ритамот и рутински ја приведе средбата кон крај за конечни +23.
Најзаслужен за победата беше Еван Фурние, кој натпреварот го заврши со 22 поени, два скока и пет асистенции. Со оваа победа, Олимпијакос стана првиот тим што обезбеди место на Фајнал-форот, кој оваа сезона ќе се одржи во Атина.





