ВИДЕО: Фурние ја сруши Барселона среде Каталонија, нова победа на Шортс и Париз

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс одново беше еден од најдобрите во таборот на Париз во победата на францускиот тим против Виртус Болоња (77-83) во Евролигата. Шортс уфрли 16 поени за Париз, додека најдобар на паркетот беше Хифи со 23. Кај Виртус се истакна Шенгелија со 17 поени.

Дербито во „Палау Блауграна“ заврши со победа на Олимпијакос над Барселона со минимални 88-90. По голема борба грчкиот тим беше подобар во завршницата и по голема драма стигна до триумф. Александар Везенков го заврши мечот со 24 поени, додека со по 20 мечот го завршија Пантер и Вилијамс-Гос. 

Човек на одлука беше Еван Фурние кој во завршната акција направи положување за победата.

Домашен триумф забележа екипата на Басконија против Макаби Тел Авив (89-82).