Фурние блескаше на терен, дуелот на „непоразените“ за Олимпијакос

Реал Мадрид пред својата публика го дочека Олимпијакос во дербито на денот и доживеа висок пораз (84-94) од лидерот на табелата во Евролигата.

Грчкиот тим од Пиреја дојде во Мадрид со низа од шест победи, додека Реал Мадрид на своето конто имаше исто така шест победи. Сепак, на кралската серија ѝ дојде крајот, во меч во кој Олимпијакос направи разлика во второто полувреме со искуство од НБА-лигата.

Еван Фурние имаше спектакуларен дуел со 28 поени, поддршка му беше најдобриот тимски играч Везенков со 13 поени и девет скока. Исто така 13 поени даде и Милутинов. Кај Реал Мадрид се истакна Хезоња со 17 поени.

Олимпијакос е прв на табелата со скор 15-6, додека Реал Мадрид е шести со 12-10.