Фундербург даде 40 поени, Кожув никако да најде лек за Блокотехна

Екипата на Блокотехна запиша нов триумф во Суперлигата и во градското дерби со Кожув славеше со 84-93, со што дојде до бодови со кои се зацврсти на третото место на табелата во македонскиот кошаркараски шампионат.

Кожув го загуби натпреварот во последните десет минути. Домаќинот имаше контрола на играта, но се се распадна во последниот период во кој доживеа дебакл (14-33) и запиша нов пораз во дуелите со градскиот ривал. Досега, Кожув ниеднаш не ја победи Блокотехна, а овој пат, прокоцка добра шанса да го направи тоа.

Лидер во победничката екипа беше одличниот Фундербург, кој постигна неверојатни 40 поени. Го следеше Думиќ со 19 поени, додека Младеновиќ и Мијатовиќ дадоа по 11 поени. Кај Кожув најмногу се истакна Пејн со 21 поен, а Кесар заврши со 19 поени.

Блокотехна во наредното коло игра дерби-дуел против Работнички, додека Кожув гостува кај ранетиот Куманово.