• Иван Димовски

Франшизата на Бруклин Нетс најавија дека од следната сезона ќе го пензионираат дресот со бројот 15.
Овој потег доаѓа како почит и поздрав за легендарниот Винс Картер кој играше за тогашниот тим на Њу Џерси Нетс од 2004 до 2009 година. Заедно со Џејсон Кид, Картер беше лидер на тимот и бележеше просек од 23,6 поени, 5,8 скока и 4,7 асистенции по меч.
Во својата кариера освен во Нетси, Картер настапуваше за Голден Стејт, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменти и Атланта.
Нетси досега имаат пензионирано уште неколку броеви на дресовите во чест на Бил Расел, Бак Вилијамс, Јулиус Ервинг, Бил Мелчиони, Џон Вилиамсон, Џејсон Кид и Дражен Петровиќ.