• Горан Упале
Кошаркарите на Соединетите Американски Држави ја совладаа Франција во возбудливото финале на олимпискиот турнир, а по мечот, при доделувањето на медалите, Ембид не остана рамнодушен на свирежите на француските навивачи со кои разви „посебен однос “ за време на Игрите.
Во моментот кога најавувачот го објави неговото име, тоа беше и моментот кога го стави „златото“ околу вратот, француските навивачи почнаа да свират.
Но, Ембид како едвај да го чекаше тој момент, се смееше и ги повика фановите да бидат погласни. Набрзо во ваквиот настап му се придружија и останатите соиграчи. Сите кренаа раце и продолжија да провоцираат од подиумот.
— OvoOno (@OvoOnoX) August 10, 2024
Ембид очекувано беше исвиркуван на речиси секој натпревар на олимпискиот турнир, со оглед на тоа што ги „издаде“ Французите кои го очекуваа во својата репрезентација.