Французинот Џери Батсел големо засилување за Будуќност

Вицешампионот на АБА лигата и првак на Црна Гора, Будуќност доцна синоќа потврди дека го ангажирал Французинот, Џери Батсел.

32-годишниот бек во претходната сезона започна во турскиот состав Каршијака а потоа се пресели во тимот на Дубаи.

„Батсел беше избран во идеалната дефанзивна петорка на Лигата на шампионите на ФИБА во сезоната 2022/23. Тој е одличен во скок играта и подеднакво добар на двете страни од теренот“, се вели во соопштнието на клубот од Подгорица.

Будуќност во сезоната 2025/26 ќе настапува во Еврокупот.