• Горан Упале
Женската кошаркарска селекција на Франција е вториот учесник во финалето на Летните Oлимписки Игри во Париз, откако по продолженија успеа да ја надигра Белгија со 81-75 (66-66). Во репризата од полуфиналето од последното Европско првенство двете селекции одиграа крајно возбудлив и неизвесен натпревар, полн со многу пресврти и победа на домашните кошаркарки, вредна битка за златниот медал.
Европските шампионки мотивирано го отворија натпреварот, уште на стартот врзаа шест поени и во поголемиот дел од првиот квартал го имаа водството на своја страна. На пауза се замина со 14-17, по што следуваше фантастична серија на Шпанија од 15 постигнати поени и само еден примен, за водство од 11 поени разлика (29-18). Но, Белгија брзо се созеде по неочекуваниот „удар“ на противникот и за краток период одново воспостави контрола врз резултатот.
Во финишот од првото полувреме се влезе со 31-30 за „фуријата“, а до крајот кошаркарките од Белгија врзаа шест поени и се вратија на сигурни пет поени предност (31-36). Разликата на фаворитот растеше и на почетокот на третиот квартал. Таа достигна највисоки петнаесет поени (31-46), но тука не застанаа возбудувањата на овој дуел. Домашните кошаркарки одново реагираа и со нова серија ја презедоа предноста. Во пресрет на финалните две минути на семафорот стоеше 64-60 за Франција, но до крајот Белгија успеа да ја анулира и да обезбеди продолжение (66-66). Сепак, во дополнителните пет минути Французинките носени од поддршката од трибините одиграа далеку поквалитетно и со 15-9 стигнаа до голема победа од 81-75.
Франција до победата ја предводеше Габи Вилијамс со 18 поени, 17 постигна Валеријан Ајаја, 15 крај своето име запиша Илијана Рипер, а Жанел Салон постигна 10 поени. Ема Месерман беше најдобра кај Белгија со 19 поени.
Во големото финале Франција ќе се судри против Соединетите Американски Држави, идентично како и кај мажите, додека за бронзениот медал ќе се борат Белгија и Австралија.