• Саше Љолес

Огромниот талент на француската кошарка, Виктор Вембањана се пријави за наредниот НБА-драфт кој ќе се одржи на 22 јуни годинава.
Талентираниот кошаркар настапува за екипата на Метрополитанс во ЛНБ ПРО лигата, а се претпоставува дека ќе биде „пик“ број еден на НБА-драфтот. Со овој потег, Вембањана малку ги промени плановите на неколку екипи од најсилната кошарка во светот и уште не се знае кој тим најмногу би сакал да го види во своите редови.
Најголеми шанси за првиот избор ќе имаат тимовите на Детроит, Хјустон и Сан Антонио, па останува да видиме дали младиот Французин ќе замине токму во една од овие екипи, или ќе се случи нешто неочекувано.
19-годишниот центар е висок 221 сантиметар и се смета за најголем талент на неговата генерација. Младиот Виктор Вембањана сезонава во тимот на Метрополитанс значително го зголеми својот учинок и напредува со секој изминат меч, а просечно бележи нешто над 16 поени по натпревар за вкупно 24 минути минати на паркетот. Неговиот прогрес е енормен и затоа не зачудува фактот што се смета за прв избор на годинешниот НБА-драфт.