• Зоран Мишевски

Освојувачот на сребрен медал на олимпискиот кошаркарски турнир и долгогодишен селектор на француската репрезентација, Винсент Коле се враќа на клупската кошаркар. Амбициозниот француски прволигаш Булоњ Левалуа потврди дека во следните две сезони Коле ќе ја предводи екипата од клупата.
58-годишниот Коле го напушти Стразбур пред неколку месеци по деветгодишна пауза и започнува нов проект. Пред да го води овој клуб, Коле беше предводник на Авр, Ле Ман, Асвел...
Искусниот стручњак е селектор на француската репрезентација од 2009 година. Има европско злато од 2013 година, две мундијалски бронзи, едно олимписко сребро и уште по еден сребрен и бронзен медал од Европските шампионати.
Во клупската кошаркар, Коле освои две титули од шампионатот и Купот на Франција, а четири пати беше прогласуван за тренер на годината во својата земја.