Францускиот евролигаш ги подмири долговите и се спаси од најцрното сценарио

Францускиот кошаркарски клуб, Асвел од Вилербан, објави дека успеал да ги подмири долговите во висина од три милиони евра, што автоматски значи дека екипата нема да биде исклучена од најсилното домашно првенство. 

Акционерите во клубот направија напори да го „санираат“ долгот кој се наталожи минатите две сезони, а навивачите изразија задоволство од потегот и очекуваат конкурентен тим за следната сезона. 

Клубот падна во долгови откако беше раскинат спонзорскиот договор со платформата „Skweek", но успеа да ја надомести „дупката“ во касата. Асвел настапува и во Евролигата и е еден од најпознатите француски клубови.

ФОТО/PHOTO: LDLC ASVEL/Facebook