Поранешниот НБА кошаркар и француски репрезентативец, Микел Пјетрус се одлучи кариерата да ја продолжи во родната Франција. Тој потпиша договор со екипата на Нанси, каде ќе го одигра остатокот од сезоната. Французинот, кој поголемиот дел од својата кариера ја помина во НБА, се враќа во Франција по 12 години. Претходно, во француската лига беше дел од екипата на По Ортез.