Иако сезоната за екипата на француски Лимож заврши, нивните кошаркари како и стручен штаб нема веднаш да заминат на одмор. Управата на клубот огоречена од разочарувачката сезона во која не освоија ништо, а не се пласираа ниту во плеј-офот завршувајќи на десеттата позиција, се одлучи на ригорозен потег. Сите вработени во клубот, како кошаркари, стручен штаб и администрација ќе мора да останат до крајот на јуни, на своите работни позиции.