Франција со пеколно второ полувреме комплетно ја „размонтира“ Нигерија

Женската репрезентација на Франција без никакви проблеми славеше победа над Нигерија со 75-54 во натпреварот од групата Б на Олимписките игри во Париз. 

Европската селекција комплетно ја оправда фаворитската улога и имаше скоро целосна доминација во текот на целиот натпревар. Нигерија ја одигра една од најслабите четвртини на турнирот и постигна само осум поени во третата делница, што беше доволен показател за тоа каде ќе замине триумфот од овој меч. 

На паузата Франција водеше со 38-31, но потоа заигра многу подобро во одбраната и до крајот само ја зголемуваше разликата. Конечните беа вистински приказ за случувањата на теренот, а „триколорите“ сега имаат четири бода и обезбедија учество меѓу осумте најдобри на турнирот. Најефикасна во победничкиот состав беше Марин Јоханес со 15 поени, а еден помалку запиша Габи Вилијамс. 

Во последното коло Италија ќе се соочи со селекцијата на Австралија, која досега забележа една победа и еден пораз.