• Иван Димовски
Женската кошаркарска репрезентација на Франција приреди вистинска лекција на Европското првенство, откако во третото коло од групата А ја декласираше Швајцарија со убедливи 111-37.
Оваа победа на Франција е воедно и најубедливата на европските шампионати во 21. век, што уште еднаш го потврдува квалитетот и амбициите на тимот кој секогаш важи за фаворит во женската европска кошарка. Франција со леснотија ја реши групната фаза, а останува да се види дали ќе успее да ја пренесе доминацијата и во нокаут-делот на шампионатот.
Словенија со победа над Србија ја заврши групната фаза (84-69). Балканското дерби понуди борба, а на крајот словенечките кошаркарки се радуваа на прва победа. Од друга страна Србинките го завршија настапот на континенталниот собир со три порази.
Најефикасна на мечот беше натурализираната Шепард со 23 поени и 10 скока, додека 20 уфрли Дугалиќ.





