ВИДЕО: Франција се измачи на стартот на ЕП, изненадувачки пораз на Словенките

Кошаркарките на Турција ја оправдаа фаворитската улога, ама со доста мака ја победија Турција (69-71) во првото коло на женскиот Евробаскет. Мечот во Пиреја понуди голема драма во која аутсајдерот имаше шанса дури и да победи. Сепак, Турција на десетина секунди пред крајот тргна во напад на „минус два“, ама не реализира. 

Прво име во победата на Франција беше Салаун со 22 поени на своето конто, додека кај Турчинките се истакна американската кошаркарка Мекован со 20 поени и 15 скока. 

Со победа на турнирот тргна и Литванија, меѓутоа приредувајќи изненадување против Словенија (71-77). Иако словенечките кошаркарки важеа за фаворити беа изненадени од ривалките во Болоња. 

  • Словенија - Литванија:

Ѕвездата од ВНБА лигата Џесика Шепард беше најдобра на теренот од Словенија со 25 поени и 17 скока, но тоа не беше доволно за позитивен резултат. Во таборот на Литванија се истакна Јосите со 17 поени.