Франција остана без талентираниот Нтиликина за ЕП 2022

Нтиликина

Француската репрезентација доби уште една лоша вест, пред почетокот на Европското првенство 2022.

Во ростерот на Венсан Коле нема да биде ниту младиот Френк Нтиликина. 24-годишникот е четвртиот кошаркар кој поради повреда нема да игра за Франција на претстојниот континентален турнир.

Претходно на францускиот селектор му откажаа Ендрју Албиси, Мустафа Фал и супер талентираниот Виктор Вембањама. Тоа носи главоболки за „триколорите“ пред шампионатот на кој се сметаат за кандидати за висок пласман.

Французите во моментов имаат состав составен од тринаесет играчи: Исаја Кординие, Еван Фурние, Руди Гобер, Томас Ертел, Вилијам Хауард, Мухамада Заите, Тимоте Лувава-Кабаро, Тео Маледон, Амат Ембаје, Ели Окобо, Винсен. Поаре, Тери Тарпеј, Гершон Јабуселе.