• Сашо Поповски

Една од најголемите ѕвезди на француската репрезентација Нандо Де Коло одлучи да не игра на Евробаскетот.
Плејмејкерот ќе паузира за време на континенталниот собир поради големиот број обврски во текот на сезоната. Тоа носи мали проблеми за Французите, кои се кандидати за највисок пласман на следниот Евробаскет.
„Ќе го сторам тоа заради моето семејство и себеси за подобро да се подготвам за Олимписките игри во 2024 година. Сакам да се вратам и за Мундобаскетот во 2023 година“, порача Де Коло.
Франција ќе игра во групата Б со Германија, Литванија, Словенија, Унгарија и Босна и Херцеговина.