Франција ослабена ќе патува на Еврoбаскетот

Франција

Мустафа Фал нема да може да ѝ помогне на Франција на претстојното Европско првенство.

Кошаркарот на Олимпијакос го повреди бутниот мускул и ќе биде приморан да прави пауза. Тоа е голем удар за Французите, кои се меѓу фаворитите за највисок пласман.

Селекторот Венсан Коле пронајде замена за повредениот репрезентативец. На неговото место на списокот го додаде Исмаел Камагате.

Франција на Европското првенство ќе биде дел од најсилната група Б, која ќе ги игра натпреварите во Келн, а ривали ќе ѝ бидат Германија, бранителот на титулата Словенија, Литванија, Унгарија и Босна и Херцеговина.