Франција не го искористи добриот старт, Јапонија ќе игра за злато против САД

Јапонија

Јапонија започна лошо, но потоа убедливо ја надигра Франција (87-71) и закажа дуел со американскиот „дрим-тим“ во мечот за златен медал на Летните Олимписки Игри. Овој резултат е прворазредна сензација, бидејќи домаќинот никој не го ставаше меѓу кандидатите за медал, а на патот до финалето исфрли две моќни европски селекции како Белгија и Франција. 

Домашните кошаркарки не одговорија на барањата на селекторот во првата четвртина. Сосема спротивно беше изданието на Французинките, кои тргнаа да го изненадат фаворитот.

Промена на случувањата на теренот донесе вториот период. Јапонија направи +15 и го презеде водството, кое го зголеми со идентичен пристап во продолжението. Франција немаше шанса да ја достигне високата негатива. Противникот постојано беше на двоцифрена разлика, што му овозможи мирно да ѝ пристапи на завршницата.

Акахо со 17 поени беше прво име во јапонската репрезентација, а Груда постигна 18 за француската селекција. Финалето меѓу бранителот на олимпиското злато, Соединетите Американски Држави и Јапонија и натпреварот за бронзен медал меѓу Србија и Франција закажани се за в недела на последниот ден од Игрите.