Франција има нов кошаркарски „ѕвер“: 18-годишниот Вембањама си поигруваше со Литванците (ВИДЕО)

Kошаркарската селекција на Франција славеше убедлива победа над Литванија, во рамки од квалификациите за Светското првенство (90-65), а на овој натпревар блесна Виктор Вембањама.

Се работи за 18-годишен кошаркар висок 218 сантиметри, а Литванците први ја почувствуваа неговата моќ и тоа колку е доминантен на паркетот. Вембањама преку домашните кошаркари забиваше како од шега, покажа одлична прегледност на играта, а погоди и удар за три поени. На крај мечот го заврши со 20 поени и девет скока.

Французинот речиси сигурно ќе биде прв пик на следниот драфт, а публиката во Европа дотогаш ќе може да го гледа во дресот на Франција и Метрополитен.

Најнови вести од
СП квалификации, Европа