• Иван Димовски
Кошаркарските репрезентации на Шпанија и Белгија закажаа меѓусебно финале на Европското првенство за дами. Овие две селекции славеа во драматични натпревари во полуфиналната фаза.
„Црвената фурија“ беше минимално подобра од Франција во меч кој заврши 64-65 во Пиреја. Шпанките имаа повеќе нерви и во огромна драма на крајот се радуваа. Франција има за што да жали бидејќи само во последните три секунди имаше четири слободни фрлања, а реализираше само едно. Најефикасна на натпреварот беше Тиам со 21 поен, додека во францускиот табор се истакна Ајаји со 19.
Белгија испушти двоцифрена предност во завршницата, ама ја совлада Италија со 64-66. За малку белгиските кошаркарки не дозволија огромна сензација и шок, бидејќи во последната четвртина влегоа со +14, а во последната минута губеа и со два разлика. Храбрите Италијанки немаа сили за да го комплетираат чудото, па на крајот капитулираа пред фаворитот.
Ема Месеман и Ванло беа најефикасни Белгијки со по 15 поени, додека кај Италија се истакна Кубај со 13 поени и 10 скока.





